„Предвремени парламентарни избори ќе има, прашање е само дали заедно со локалните, или после нив“, смета Николоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Локалните избори и можноста за одржување и на предвремени парламентарни избори, беше една од темите со која дебатиравме со потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21.

Николоски рече дека е убеден дека ќе има предвремени парламентарни избори, само прашање е дали ќе бидат заедно со локалните, или после локалните избори кога, како што кажа, ќе падне оваа власт.

„На локалните избори влегуваме апсолутни фаворити, за првпат гледам во големите урбани центри има големо незадоволство од власта, и од актуелните градоначалници. Не е испорачано ништо, и има опозиционо решение“, смета Николоски.

„Парлемантарни избори ќе има. Работата е дали Македонија два пати ќе троши пари. Прва опција е да прифати СДСМ да има заедно со локалните и перламентарни, или со пораз на власта на локалните избори ќе има предвремени парламентарни избори на почетокот на годината, и во тој случај два пати ќе се трошат пари“, рече Николоски.