Прекин на дербито Бразил – Аргентина, бразилските власти бркале од терен тројца аргентински играчи кои морале да бидат во карантин

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Јужноамериканското дерби помеѓу Бразил и Аргентина во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар идната година, е прекинато од бизарни причини.

Имено, Бразил наложува карантин за сите патници од Британија, а со оглед дека во селекцијата на Аргентина има тројца играчи кои доаѓаат од Премиерлигата, здравствените власти ги „бркале“ по теренот, и наложиле да одат во изолација, односно сметале дека ги прекршиле мерките.

Станува збор за играчите на Аргентина, Емилијано Мартинез, Џовани Ло Селсо и Кристијан Ромеро кои играат во Премиерлигата.

Па така дербито е прекинато, и веројатно нема да продолжи, барем не денеска. Останува да се види како ФИФА ќе реагира во овој случај.