Премиер на африканска држава починал среде седница на Влада

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Брегот на Слоновата Коска Амаду Гон Кулибали, починал вчера откако му се слошило на седница на Влада.

Кулибали кој почина на 61 година, се вратил од Франција, каде што два месеци се лечел од срцеви тегоби. Тој во 2012 година имал трансплатација на срцето, а на почетокот на мај отпатувал во Париз да му биде вграден стент.

Инаку тој се кандидирал за претседател на земјата и бил најсериозен кандидат за победа.