Премиерот Спасовски објасни кои институции не се опфатени во полицискиот час во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Оливер Спасовски вечерва на прес-конференција рече дека од утре на сила стапува полициски час од 21 до 06 часот. Сепак, од оваа мерка се исклучени неколку институции.

„Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош. Доколку се движат без возило на брза помош, и бидат евидентирани од полицијата, потребата ќе се правда по укажувањето на медицинската помош.

Во забраната за движење не се опфатени МВР, армијата, противпожарните екипи, лица вработени во комунална хигиена кои се на смена во тој период. Ќе побараме од институциите да се назначат одреден дел на аптеки кои ќе дежураат, а да бидат локациски поврзани со здравствените установи.

Такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број возила, и истите да се движат само кон болница, здравствена установа или аптека“, рече Спасовски.