Претензии од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ дека една партија ќе земе пратеници на другата. Иако, веќе неколку недели кружат вакви стремежи, сега за сега не е направен никаков чекор во однос на ова. Сега, потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, Александар Николовски, повторно ја актуализираше темата.
Првиот човек на СДСМ, Зоран Заев, вели дека ВМРО-ДПМНЕ си ја има мувата на капата и дека прават излет на мозок. Парламентарното мнозинство не се менува без албанските партии, додава тој.
Отфрлајќи ја можноста од заминување на коалициските партнери, Заев вели дека ќе има пратеници од коалицијата на ДПМНЕ кои ќе преминат во парламентарното мнозинство.
Сепак, немаше храброст да открие за кого станува збор.
Но, и покрај претензиите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за преземање пратеници од политичкиот опонент, најавено е уште едно движење во законодавниот дом. Генералниот секретар на Движењето Беса, Арјанит Хоџа, вели дека наскоро Беса ќе добие пратеничка група, иако преговорите за ова сѐ уште не се почнати.
Прашањето за зголемување на парламентарното мнозинство, со што пратеници од опозицијата би преминале во мнозинството, се отвори пред неколку недели. Претседателот на Беса, Биљал Касами, беше првиот кој ја отвори оваа тема во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21. Во моментов имаме кревко мнозинство со само 62 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и ДПА. Опозицијата, пак, брои 58 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива и Левица.
