Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители на обвинителството, со асистенција на полициски службеници од Министерството за внатрешни работи, вршат претреси на повеќе локации низ државата.

Акцијата е насочена кон обезбедување лица осомничени за даночна измама и даночно затајување од поголеми размери.

Од обвинителството најавуваат дека повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.