Приведени две лица од Брвеница заради незаконско емитување на авторски содржини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска (02.08.2021) во 13.45 часот во с.Брвеница од страна на полициски службеници од СВР Тетово се лишени од слобода С.М.(55) и Б.М.(26), и двајцата од с.Брвеница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “повреда на авторско право и сродни права”.

Имено, при претрес извршен во домот на С.М.  пронајдени се и одземени се 6 лап-топ компјутери, 7 боксови за ИП компјутери, два персонални комјутери, 31 УСБ, 3 боксови Амазон и список за клиенти. 

По документирање случајот против нив ќе биде поднесен поднесок во врска со член 157 од Кривичниот законик.