Проблемот со вода на селата на Сарај, во пресрет на изборите почна изградбата на резервоар со Рашче

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селата во општина Сарај, како што се Буковиќ, Бојане, Рашче, Ласкарци, Свиларе, со години имаат проблем со чиста вода за пиење. Градоначалникот на општината, Блерим Беџети, во пресрет на локалните бори, заедно со министерот за транспорт Благоја Бочварски излегоа над селото Рашче, за да покажат дека започнале работите за изградба на резервоар за вода, кој ќе помогне овие села да имаат вода.

Но, Министерот не го спомна селото Свиларе, затоа го прашавме Градоначалникот.

За жителите на село Свиларе, што ќе преземете за тие кои имаат проблем со водата?
-Кое Свиларе?
Долно Свиларе.
Таму дел од Свиларе има проблем и сме во комуникација со Водовод кое е во рамките на Град Скопје, има проблем и дел од Кондово, но ние еден по еден ќе ги решиме проблемите.

Проектот што беше промовиран ќе чини 40 милиони денари, додека според градоначалникот Беџети, првата фаза од работите ќе биде завршена за два месеци.