Продолжува проширувањето на Европскиот фронт – во понеделник, Ахмети ќе потпише договор со Тачи и Хоџа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во понеделник ќе се прошири Европскиот фронт предводен од ДУИ, чиј дел ќе станат ДПА и ЕДП. Според извори на ТВ21, Арјанит Хоџа имал потешкотии при преговорите со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Преговорите Хоџа со Ахмети ги започна за позицијата 5 во ИЕ6 но заради конструктивност, одлучи да ја прифати седмата позиција. На крај добил предлог дека треба да ја добие позицијата 11, која според анкетите е тешко добитна.

Според извори на ТВ21, ДУИ инсистирала Хоџа и пратеникот бастри Бајрами да бидат дел од Европскиот фронт и им понудил подобра понуда. На Хоџа му е понудена позицијата 11 во зона 6, но по изборите, доколку Европскиот фронт стане дел од владата, ЕДП ќе добие раководни позиции. За Бастри бајрами, независно дали ќе добие или не како пратеник н позицијата 5 во зона 2, тој ќе биде пратеник. Ова ќе се овозможи со повлекување на еден од избраните пратеници пред Бајрами на листата.

И кога сме кај ДПА, вчера се одржа Централно собрание каде се усвои предлогот на лидерот на партијата, Мендух Тачи, на избори да настапат заедно со ДУИ.

Како што информираше лидерот на оваа партија, ДПА ќе добие две пратенички места. Тоа се позициите 4 и 9 во ИЕ6.

„Имаме две добитни позиции во единица 6. Да кажам искрено, ми беше понудено да бидам втор. Има многу причини зошто не прифатив да бидам втор, реков, нема проблем, каде сакате. Тогаш го прифатив аргументот дека ако не излезам, гласачите на ДПА можеби нема да го сфатат членството сериозно. Мислам дека ќе бидам четврти и ќе го имаме и бројот 9. Само обединетите гласови на на ДУИ и ДПА гарантира 10 пратеници“, порача Мендух Тачи.

Во меѓувреме, Алијансата за Албанците, крилото на Зијадин Села, се очекува да се приклучи на Европскиот фронт, но се уште нема потврда. Според извори на ТВ21, се вели дека структурата на Села е незадоволна од понудата бидејќи бараат пет добитни позиции.

Инаку, на Европскиот фронт се очекува да се приклучат и Турската демократска партија и Сојузот на Ромите на Курто Дудуш. Тој за ТВ21 изјави дека во моментов разговараат со многу политички партии, но најсериозна опција за нив е ДУИ.

„Во моментов нема ништо конечно. Преговараме со повеќе партии но најсериозна опција за нас е ДУИ. Преговараме и со ВМРО-ДПМНЕ но и со Максим Димитриевски. Има време уште неколку дена додека ја донесеме конечната одлука“, вели Курто Дудуш.

Инаку потпишувањето на договорот меѓу тројцата лидери, Али Ахмети, Мендух Тачи и Арјанит Хоџа ќе се случи утре од 12 часот во Домот на културата во Тетово.