Последните неколку недели има значително зголемување на бројот на лица заразени со коронавирус.
Податоците покажуваат дека ако пред еден месец, имавме денови со 4 нови случаи со ковид-19, првиот ден од овој месец почна со 72 нови случаи за 24 часа, 9 оздравени и ниту еден починат.
Со зголемување на бројот на нови случаи се зголемува и бројот на активни случаи со Ковид-19, при што најголем дел се од:
- Скопје 183
- Тетово 149
- Куманово 71
- Гостивар 45
- Битола 25
Во другите населени места има помалку од 20 или ниту еден активен случај со Ковид-19.
Д -р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, предвидува зголемување на случаите. Тој вели дека по 10 август ќе има неконтролирано зголемување на бројот на заразени лица. Ги повика неговите колеги да уживаат во овие добри денови што останаа, бидејќи повторно ќе се вратат во скафандери и маски.
„По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката“, пишува Нико Беќаровски.
И министерот Венко Филипче изјави дека вирусот зема нов замав.
Министерот Филипче, вчера предупреди дека е можно е да се појават различни варијанти на коронавирусот и дека можно е да се препорачува да се земе третата доза анти- ковид вакцина.
