Променливо време со дожд и снег, стабилизација на времето на почетокот на следната недела

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во наредните денови следува период на променливо време, со појава на врнежи од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во недела, во претпладневните часови, се очекуваат локални врнежи од дожд, додека на планините, особено во северозападните делови, врнежите ќе бидат од снег. Дожд ќе има и во понеделник, при што врнежите ќе бидат поизразени во југоисточните региони, а на планинските подрачја повторно ќе паѓа снег.

Поради продор на постуден воздух, од УХМР најавуваат дека дел од дождовите ќе преминуваат во снег и на повисоките места. По овој влажен период, во наредните два дена се очекува претежно стабилно време со повремени сончеви периоди.

Нов бран на врнежи повторно се најавува од четврток, кога времето повторно ќе стане променливо.