Австриската полиција уапси 23 лица и поднесе кривични пријави против повеќе од 300 демонстранти кои во Виена протестираа против мерките за борба против ширењето на коронавирусот.
Полицијата соопшти дека демонстрантите на вчерашниот протест не ги почитуваа правилата за држење растојание и носење маски. Шестмина од приведените се обвинети и за пружање отпор кон властите.
На протестот присуствуваа околу 10.000 лица, вклучувајќи и членови на десничарската политичка сцена во земјата. Собирот почна мирно, но подоцна прерасна во несилство. Австрија ќе го продолжи локдаунот за уште две недели, до 8 невруари.
Инаку, голем број на европски земји одлучија да ги продолжат одлуките за карантини и полициски час. Во целиот свет во моментов има 42, 5 милиони активни случаи, а бројот на заразени од почетокот на пандемијата е нешто повеќе од 94,5 милиони.
Регистрирани се и над 2 милиони смртни случаи за кои се тврди дека се последица од коронавирусот.
