Прв случај на коронавирус во Демир Хисар – нови регистрирани во Битола

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Кичево, Ресен и Демир Хисар) земени се материјали за испитување од вкупно 208 лица за COVID-19.

Кај 170 лица се земени по епидемиолошки индикации, а кај 38 лица материјалите се со упатување од Матичен лекар преку системот Мој термин.

Од вкупниот број на земени брисеви, 172 се за лица со место на живеење во Битола, а 36 од Кичево, Ресен и Демир Хисар.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени за 15 лица и тоа 14 се од Битола и 1 од Демир Хисар.

Станува збор за лица на возраст од 5 до 85 годишна возраст, 8 лица од женски пол и 7 лица од машки пол.

Од вкупниот број потврдени позитивни лица, само две лица се хоспитализирано на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, додека 13 се на домашно лекување.

Нема испишани оздравени лица по добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, стои во информацијата на Центарот за јавно здравје Битола.