Првото бебе во 2023 е машко – по полноќ се родиле уште 3 бебиња

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една минута по полноќ, на Универзитетската клиника по Гинекологија и Акушерство во Скопје се роди машко бебе. Ова момче е прва радост за ова семејство од Кочани во 2023 година.

Во посета на мајката, како што е традиција, дојде и министерот за здравство Беким Сали и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Сали се надева дека како што се родило бебето, здраво и добро, таква да биде и цела 2023.

Министерката Тренчевска во име на МТСП на новороденчето му подари златник.

Во текот на новогодишната ноќ се родиле уште 3 други бебиња, едно машко и 2 женски.