Пукање во центарот на Подгорица, едно лице рането, едно уапсено

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во пукање во центарот на Подгорица, тешко е ранет 29-годишен маж со иницијали Б.Р., а полицијата поради обид за убиство го уапсила 33-годишниот С.С., пренесува Б92.

Инспекторите го уапсиле С.С. во такси возило, со кое се обидел да побегне, а кај него е пронајдено оружје.

Б.Р. бил погоден во грбот, како и во ногата, и итно е пренесен во Клиничкиот центар.