Путин: Не бараме од Украина капитулација, туку признавање на реалноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не бара од Украина капитулација, туку „признавање на реалноста“.

„Ние не бараме капитулација од Украина. Инсистираме на признавање на реалноста што се разви на терен“, рече Путин во петокот на пленарната сесија на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург (СПИЕФ).

Според него, Русија предложила постигнување договор со Украина во секоја фаза од конфликтот.