Растат каматите на кредитите за граѓаните и фирмите, први на удар тие со променливи камати и потрошувачки кредити

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Откако за нови 0,25 проценти скокна каматната стапка, по априлското и мајското зголемување таа сега е на ниво од 1,75 проценти. По двоцифрената инфлација, што во април достигна годишна стапка од 10,5 проценти, Централната банка ја стега монетарната политика.

„При донесувањето на ваквата одлука, беа земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања. Одлуката за натамошно затегнување на монетарната политика се заснова врз оцените дека увозните ценовни притисоци се подолготрајни и посилни, што создава одредени преносни ефекти кај повеќе ценовни категории и делува врз инфлациските очекувања“, велат од Народна банка.

Како ќе се однесуваат банките кои сметаат дека во дадениот макроекономски амбиент, пред се на глобално ниво, ова е очекувана мерка од нашата Централна банка?

„Нашите членки, банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите“, велат од Македонската банкарска асоцијација.

Тој што мора да ги плати долговите кон банките мора да ги плати. Тој што решил да инвестира ќе инвестира, но не знам како ќе му помогне тоа на стопанството, се прашува економистот Горан Рафајловски.


„Нормално е Народна банка да сака да го заштити сопствениот сектор кој што и е под контрола. Тоа воопшто нема да доведе до зауздување на инфлацијата. Тоа е само една алка во целосниот систем. Ова е за заштота исклучиво на банкатжрскиот систем, без никакжво вликание во стопанството“, вели Рафајловски.


„Народната банка да не ја покачи премногу каматната стапка , да не продолжи со овој тренд на покачување односно да не ја покачи поевќе од 2%, бидејќи тогаш и комерцијалните банки ќе ги покачат каматите што ќе доведе до тоа кредитети кои граѓаните ги земаат да станат поскапи“, вели економистот Бранимир Јовановиќ.

На тој начин економската криза ќе се продлабочува. Заштитени се вели Јовановиќ оние со фиксни каматни стапки. Но, најмногу ќе почувствуваат граѓаните со потрошувачки кредити.

Согласно податоците од Народната банка, износот на потрошувачки кредити е 106.781 милиони денари, додека на станбени кредити 69.378 милиони денари.

За време на пандемијата од Асоцијацијата на банкари велат дека бил забележан пад на каматните стапки.