Растат цените на становите, зголемена и продажбата – за 2% повеќе одобрени станбени кредити во пандемијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Драстичен скок на цената на становите, но паралелно на ова расте и побарувачката и тоа во време на криза. За интересот за купување сведочи и одобрувањето на станбени кредини од банките, при што од Македонска банкарска асоцијација информираат дека за време на паднемијата за 2% е зголемено одобрувањето на станбени кредити.

На што се должи зголемената побарувачка во време на поскапување на становите одговор побаравме и од Претседателот на Здружението за градежништво при СКМ.

„Имаме еден феномен на голема побарувачка на станови и тоа се должи на неколку причини. Прва причина е мораториумот кој долго време општините кои имаа голема трансакциска моќ и трансакциски обем на продажба на недвоижнини сега имаа мораториум за градба. Значи не се градеше, не се издава одобренија за градба, а тоа беа оптини кај што беше најголем инетресот и за купување и за градење. Тоа е една од главните причини зошто сега имаме побарувачка на станови“, вели Андреја Серафимовски.

Во 2021 имало рекорд на издадени одобренија за градба вкупно 7892 за разлика од просекот од 2017-та до 2020-тата на 3670.

„Луѓето сакаат да ги вложат и сочуваат своите средства во сигурна инвестиција, а тоа се недвижностите. Влијание има и најавата за  инфлација и глобалната криза. Недвожнотите ги гледааат како најсигурна инвестиција кои ќе добиваат на цена. Најмногу се продаваат станови во Центар и Карпош“, велат од Агенцијата за недвижнини.

Пред нова година Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија побара од министерот за Транспорт и врски владата да ги субвенционира со цел да се намалат цените на становите и да бидат подостапни за граѓаните.

„За жал немаме до сега никаков одговор и нема иницијатива за состанок и образложение за истото , доставивме три иницијативи, до министерот Фатмир Бесими и  до вицепрениерот Бетиќи. Со оглед на тоа дека се што предвидувавме во анализата а тоа  е  енормни додатни покачувања се случи и компаниите во последниот месец имаат остри критики и бараат спас во тоа дел од тие иницијативи да се поддржат да се вметнат и други со кои барем малку од малку ќе се ублажи ценовниот шок“, вели Андреја Серафимовски.

Во време на војна тешко може да се предвидува  како ќе се довива пазарот на недвижности. Она што за сега може да се каже е дека цените на становите ќе бидат поскапи во иднина, а тоа ќе се должи на покачувањето на материјалите, поскапа работната сила и поголема побарувачка. Но, цените нема да бидат диктирани само од наведените причини туку и од можностите на граѓаните-објаснува Серафимовски.