„Регионот се вооружува, Македонија само немо гледа“, вели Николоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на различни теми.

Николоски го коментираше и околу наводниот „нон-пејпер“ на Јанез Јанша, за кој кажа дека имаат информации дека не бил од него, туку дека е „масло“ на опозицијата.

Околу случувањата во регионот, Николоски кажа дека Македонија, за жал, може да биде колетерална штета на процесите во регионот.

„Има три процеси, каде ќе биде Македонија? Да не е никаков фактор, да е фактор кој придонесува, или фактор кој е колетарална штета. Ми е страв дека сме ова последното. Во најновиот нон-пејпер и во оној во Косово, Македонија е спомената. Но, ние немо го набљудуваме тие процеси, и може да доведе Македонија да ги дознава вестите од телевизија“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека на регионот има голема нервоза и дека истиот се вооружува, а дека Македонија и натаму немо набљудува.

„Регионот се вооружува. Има една голема нервоза, прашање е Македонија каде е во таа работа. Не посакувам ништо, но паметна политика мора да ги антиципира сите овие работи и кога работите се случуваат во соседството, треба да биде дел од вестите. Затоа што онаа народната вели: Кога мечката ќе заигра во дворот на соседот, прашање на време е кога ќе заигра и во твојот двор“, вели Николоски.