Рекордна смртност во Португалија – земјата повторно „затворена“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фирмите затворени, а повеќето луѓе денеска се повлекоа во своите домови во Португалија, на првиот ден од новото „затворање“ на земјата, иако родителите сè уште можат да ги носат своите деца на училиште.

Сите несуштински компании мора да останат затворени, со работа од далечина, каде што е можно. Казните за кршење на правилата ќе бидат двојно зголемени. Ограничувањата во движењето ќе бидат ублажени на 24 јануари за гласачите да можат да излезат на гласачките места за претседателските избори.

Португалија денеска соопшти за рекордни 159 смртни случаи од Ковид-19, а бројот на новите случаи,10.663, го достигнаа второто највисоко ниво од почетокот на пандемијата.

Земјата досега пријави вкупно 528 469 случаи и 8543 смртни случаи од Ковид-19. Министерството за здравство следи повеќе од 140.000 активни случаи – повеќе од 1 процент од 10 милиони жители на Португалија.