РЕЦЕПТ: Чоко-коцки од 2 состојки – нема печење, а се прави за само 5 минути

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ако сакате да јадете нешто слатко или вашите гости одеднаш објавиле дека размислувате за нешто да ги почестите, овој рецепт е идеален.

Супербрзи чоколадни коцки за чија подготовка ви се потребни само две состојки, а најдобро е што не мора да ја запалите рерната што го прави идеален десерт за топлите денови.

Нема да најдете поубав и поедноставен рецепт за сочна чоколадна торта што ќе ја обожава целото семејство.

Состојки:

  • 300 гр темно чоколадо
  • 400 мл кондензирано млеко

Подготовка:

Садот во кој ќе го обликувате колачот, без разлика дали е плех или огноотпорен сад, обложете го со хартија за печење. Кондензираното млеко загрејте го на тивок оган, па додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека чоколадото да се растопи и убаво да се соедини.

Кога смесата ќе се изедначи, истурете ја во садот и протресете да се распореди рамномерно.

Кога ќе се излади на собна температура, ставете го во фрижидер преку ноќ за да се стегне колачот.

Следниот ден исечете го на коцки, а по желба можете пред послужување да го посипете со мелени бисквити, кокос или чоколадни трошки.