Високиот ризик од ширење на пожарот во Калифорнија ќе трае следните неколку дена, а црвеното предупредување ќе остане во сила за поголемиот дел од американската сојузна држава до среда, имајќи предвид дека не се очекува слабеење на ветрот, што ја отежнува борбата со оган.
Зоната на критичен ризик од пожар вклучува област во која живеат повеќе од осум милиони луѓе, пренесува АБЦ Њуз.
Од сабота навечер до недела наутро, ветровите беа во опсег од 56-88 km/h, а некои налети достигнуваа и до 110 km/h во планините околу Лос Анџелес.
