Русија објави дека зазела шест населени места во југоисточна Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за одбрана на Русија денес објави дека руските трупи ја презеле контролата врз четири населби во Донецк и две населби во Запорожјето во југоисточна Украина.

Во соопштението се наведува дека руските сили ја презеле контролата врз населбите Димитров, Родинское, Артемовка и Вољное во Донецката област.

Исто така, се наведува дека руските трупи ги окупирале Степногорск и Гуљапоље во Запорожјето, објави РИА Новости.