Русија објавила список на непријателски земји, во моментов на него две држави

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Руската влада денеска официјално ги означи Чешка и САД како „непријателски земји“.

Како што е објавено на официјалниот портал за правни информации, тие две земји се нашле на списокот на оние кои „направиле непријателски акции против Русија“, пренесува РНА Новости.

Против тие две земји ќе бидат превземени мерки според кои амбасадата на САД во Москва веќе нема да може да вработува локални граѓани, додека бројот на вработени на локални работници во чешката амбасада ќе биде ограничен на 19.