Русија понуди 100 милиони вакцини на ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Официјална Москва испрати порака до Брисел дека може на Европската унија да обезбеди 100 милиони дози од вакцината „Спутник-Ве“ за вакцинација на 50 милиони жители на Унијата.

„Спутник-Ве“ е прва регистрирана вакцина против коронавирусот во Светот, а таа постапка е завршена во август 2020 година. Од компанијата која ја произведува, е наведено дека таа има заштита преку 90%.

Со оглед дека ЕУ е во голем проблем кога е во прашање планираната имунизација поради неиспорака на нарачаните вакцини од „Астразенека“, поради што Брисел и челниците на другите земји веќе се на „воена нога“. Поради тоа ситуацијата може да ја спаси Русија.