Русковска дала наредба да и се достави целата документација за јавните набавки на сите модуларни болници во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Обвинителката Вилма Русковска, дала наредба утре Бирото за јавни набавки да и ја достави целата документација за јавни набавки на 19-те модуларни болници низ земјава, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК

Ова доаѓа по катастрофалниот пожар во модуларната болница кој одзеде 14 жртви.

И министерот Филипче ги повика истраѓните органи да ги истражат јавните набавки, нудејќи ја целата документација.

Филипче исто така кажа дека модуларните болници минале низ сите процедури и дека се безбедни за користење. Апелираше до гражаните да не креваат паника и да почекаат да заврши истрагата, која ќе покаже што точно се случувало синоќа во Тетово.