Само тројца инфектолози во Дебар, Алили: Ако состојбата се влоши, ќе имаме потреба од засилување

НАЈНОВИ ВЕСТИ


Вкупно 24 заразени од коронавирус во Дебар. Првиот човек на општината, Хекуран Дука, вели дека изгледа како состојбата да ескалира. Тој ги замолува граѓаните да останат дома, бидејќи во моментот изолацијата е единствената превентивна мерка за спречување на вирусот.

-Мерките што ги предлагаме – да се остане дома и да нема движење во градот, имаме впечаток дека не се почитуваат како што треба. Се гледаат групи луѓе како се шетаат околу езерото, како да не е вонредна состојба. Ве молам, младите да не се собираат непотребно, да не излегуваат во град доколку немаат потреба, бидејќи според епидемиолошките податоци младите не заболуваат од оваа болест, туку се преносители на вирусот.-вели Дика.

Вчера градоначалникот Дика, од Владата побара засилување со лекарски екипи. Денеска рече дека во Дебар ќе пристигнат 2 лекари специјалисти пулмолози. Екипата од 3 инфектолози прави сѐ за испитување на нови случаи.

Директорот на болницата во Дебар, Баки Алили, за ТВ21 објасни дека немаат посебен оддел за епидемија, па затоа, како што вели, имаат потреба од повеќе специјалисти.

-Во моментов се 3 инфектолози и 1 епидемиолог. Засега добро менаџираме со состојбата, но постои страв. Доколку ова добие поголеми размери, тогаш ќе бидеме во контакт со Министерството за здравство за испомош на белите мантили, било инфектолози, пулмолози, интернисти или нешто друго-рече Алили.

ТВ21: Значи потврдувате дека имате потреба од повеќе лекарски екипи?

-Потребно е, бидејќи сме мала болница. Ние сме болница од секундарна заштита, но кога станува збор за инфектолози, имаме само 1 и двајца кои дојдоа на испомош. -вели Алили.

Пациентите се селектираат, вели Алили, објаснувајќи дека оние кои се со полесна клиничка слика се изолираат дома и таму се лекуваат, додека потешките случаи се префрлаат во Скопје. Ова го потврди и градоначалникот на Дебар на денешната конференција каде рече дека двајца пациенти поради влошена состојба со дишењето се испратени на скопските клиники. Продавниците и аптеките постојано се снабдуваат, но како градоначалникот, така и директорот на дебарската болница повторија дека најдобриот третман во овие моменти е домашната изолација.