Сашо Мијалков позитивен на Ковид-19

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, објави дека е позитивен на Ковид-19.

„Максимално се трудев да ги почитувам мерките и препораките на експертите, но за жал добив резултат кој вели дека сум позитивен на Ковид 19. Ова е борба со непријател кој не ни е целосно познат, но нема предавање. Чувајте се и внимавајте на себе и блиските.“, напиша Мијалков на својот „Фејсбук“.

Мијалков вчера не се појави на рочиште во судот поради симптоми на Ковид-19, и денеска му беше дијагностициран позитивен тест.