Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги коментираше обидите на иницијаторите за промени во опозицијата за избор на ново раководство.
Николоски во „Клик Плус“ на ТВ21 потенцираше дека тие биле неуспешни обиди, и порача на СДСМ да не се меша во работите на ВМРО-ДПМНЕ, и да ги гледа своите работи, исто како што ВМРО-ДПМНЕ си ја гледа својата работа внатре во партијата.
„СДСМ се занимаваше со ВМРО-ДПМНЕ, имаа таму штаб од таа коалиција. Кој ќе биде претседател, е доброволна работа на оние кои се залчениле доброволно на ВМРО-ДПМНЕ. Имало обиди да изберат раководство само за да ја ослабат партијата. А, тоа не смееме да дозволиме, ако сакам да бидат ироничен, и да им се ситам, можам да кажам дека „мечката игра во нивниот двор“. Од ВМРО-ДПМНЕ нема најави за независни листи, но од СДСМ имате најава, и за формирање на нова политичка партија. Но, повторно ќе кажам, тоа е работа на СДСМ“, вели Николоски.
