СДСМ и коалицијата одржа митинг во Гевгелија. Во овој град, социјалдемократите ќе се борат за уште еден мандат со Сашко Поцков.
Кандидатот Поцков говореше околу реализираните проекти и вети дека зелената европска агенда ќе продолжи и понатаму.
Се осврна и на проектите кои ги спровел изминатиов период како што се решавање на проблемот со водата за пиење, изградба на локалната депонија и изградба на улици.
