Се повлече и заменик министерот за здравство Хасани: Во овие тешки моменти оставката е морален чин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Фрчат“ оставки денеска од функционери во здравството. Најпрво ја поднесе директорот на тетовската болница Флорин Бесими, па економскиот директор Артан Етеми, а оставка поднесе и Илир Хасани, заменик министерот за здравство.

„Во овие моменти толку тешки за сите нас, поднесувам оставка како највисок морален чин. И покрај фактот дека немам ништо со процедурите за градењето на модуларна болница, иако немам никаква врска со организацискиот дел, оставката е чин за кој сметам дека треба да го направам во моментов, и со тоа да ги почитувам жртвите, повредените , јавноста и најмногу себе. Нема ништо над достоинството“, напиша Хасани.