Сите членови на екипажот на рускиот воен хеликоптер Ми-8 загинаа, кога леталото се урна во близината на Москва.
Тоа го соопшти руското министерство за одбрана, но не наведувајќи колку луѓе биле во хеликоптерот.
Леталото се срушило во населба на 20 километри од населбата Клин во московската област во 20 часот по локално време.
Според првите информации, хеликоптерот се срушил поради технички проблем.
