Сè уште не е пронајдено телото на 60-годишната жена од Старо Нагоричане – од МВР велат дека распишана е потрага

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сè уште не е пронајдено телото на 60-годишната жена од селото Челопек, општина Старо Нагоричане, за која се вели дека е првата жртва на огнената стихија која зафати дел од Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека по лицето е распишана и потрага.

„Министерството за внатрешни работи согласно законските прописи постапува по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршија детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане. Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги“, посочуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: