„Секое куче заслужува дом“ – ЈП Лајка со кампања за вдомување на кучиња сениори

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ЈП ЛАЈКА започнува нова емотивна и општествено важна кампања посветена на една од најзапоставените групи животни во прифатилиштата – кучињата сениори.

Под мотото „Секое куче заслужува дом, без разлика колку родендени прославило”, ја отвораме вратата кон шансата за подобар крај на животниот пат за оние кои најдолго чекале љубов, а најмалку ја добивале.

Кампањата има за цел:

  • да ги приближи сениорите до потенцијалните вдомувачи;
  • да ја разбиe стигмата дека постарите кучиња се „помалку вредни”;
  • да ја истакне нивната благост, смирен карактер и благодарност;
  • и да испрати силна порака: домот не треба да биде луксуз што се заслужува само додека си млад.