Беше ветено дека до крајот на јуни ќе почне да се работи на поставување на семафори на булеварот „Благоја Тоска“ на раскрсницата кај тетовската болница, но иако поминаа 15 дена, на овој булевар се уште не се започнати работите. Од општина Тетово тогаш соопштија дека почетокот на работите е само прашање на денови.
„Тендерската постапка за Благоја Тоска е завршена. Фирмата која беше избрана е Електрософт, а минатата недела имаше состанок на кој беше одлучено да почне со работа кон крајот на месецот, а се работи за процедура која трае пет до шест месеци. Бидејќи е единствената во РСМ која ги реализира овие проекти, веруваме дека е само прашање на денови каде ќе почне со работа на булеварот Благоја Тоска“, вели Бесарта Рамадани.
И сега го вели истото, дека работата за поставување на семафорите е прашање на денови.
„Оваа недела ќе почнат подготовките за поставување на столбови и верувам дека многу брзо ќе се постават и семафорите. Кога поточно? Верувам дека во рок од две-три недели ќе се реализираати“, вели Бесарта Рамадани.
За пет месеци на овој дел од булеварот се регистрирани 24 сообраќајки, додека 19 лица завршиле со повреди.
