Вели и помага на неговата мајка да ги собира јајцата за да спремат појадок.
Секојдневниот појадок на семејството Сам од Лозово се јајца, леб и кисело млеко.
Љутфије Сам има 8 деца, најмалото има 1 година.
Старата куќа без основни услови за живеење уште повеќе им го отежнува животот. Тие се дел од документарната драма „Медена земја“ која е кандидат за Оскар во две категории.
Најголем проблем е тоа што децата немаат каде да се бањаат. Тие немаат бања воопшто. Љутфије вели дека преку лето е лесно бидејќи ги бања децата во дворот, но во зима многу ретко ги бања.
10 членото семејство живее од продавањето мед. Сених Браховиќ соработува со семејството за собирање на мед. Со оглед на тоа дека е запознаен за тешката состојба во која се наоѓа семејството, често им носи и прехрамбени производи.
Домаќинот не беше дома бидејќи излегол на планина да работи. Тие не се приматели на социјална помош, а единствените месечни приходи им е владината мерка за трето дете. 10-членото семејство бара од хуманитаните лица и тие со големо срце да им помогнат со храна и облека и да имаат куќа со елементарни услови за живеење. Владата вети дека ќе помогне на ова семејство.
Во продолжение емисијата „И јас сум тука“ со ова семејство.
Телефон за контакт: 078 324 991
