Советот за етика во медиумите (СЕММ) со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, денеска ги соопштија наградите од конкурсот за најдобри новинарски стории за инклузивно известување за различностите за време на Ковид-19.
Прво место освои новинарката од „360 степени“ Ирена Каревска за сторијата „Децата за кои не почна новата учебна година“.
Второ место освои новинарката од „Види Вака“ Христина Ѓорѓиевска за сторијата „Коронавирус – борба низ иглени уши за работничките права“.
И третото место е резервирано за новинарката од ТВ21, Арбана Ќерими Климента за сторијата „Руинирана училница од 5 метри квадратни“ за начинот на кој учениците со попреченост ја следат наставата.
„Земајќи го во предвид фактот дека се зборува за маргинализирани групи и групи кои се дискриминирани, честопати сум пишувала и известувала за лица со посебни потреби затоа што тие навистина имаат потреби. Кога бев во таа училница во селото Студеничани во училиштето „Наим Фрашери“ видов дека учениците учат во една училница од само 5 метри квадратни. Навистина се срамев од фактот дека едвај имаа простор за движење во таа просторија“, истакна новинарката Арбана Ќ. Климента.
Во продолжение погледнете ја наградената сторија:
