Дваесет и седумгодишна жена почина од повредите здобиени во земјотресот што во петокот вечерта ја погоди Босна и Херцеговина, со епицентар кај Невесиње, потврдија од болницата „Доктор Сафет Мујиќ“ во Мостар за Анадолија.
Девојчето настрадало откако камен паднал врз куќа во Столац. Родителите на девојчето се здобиле со полесни повреди.
Според сведоштвата на мештаните, Елмира живеела со родителите во семејната куќа во населбата Кукавац, кои биле полесно повредени, пишува сараевскиот портал Klix.ba.
Брзата помош ја пренела Елмир во болницата во Мостар, каде лекарите се обиделе да ја оживеат, но безуспешно. Повредите со кои се здобила биле фатални.
