Шахот не е само пензионери на клупа во парк вели мајсторот Зоран Стојчевски, бенефитот е голем. Зато, во новата учебна година шахот ќе биде изборен предмет за учениците од прво и второ одделение. На учениците ќе им помогне во совладување и на останатите предмети.
„За да можете да влезете во образовниот систем или било кој систем кој го диктира централната власт или Министерството за образование треба да се усогласите со правилата, односно правилата треба да се усогласат со потребите. Тоа се случи изминативе неколку години, имаше измена на можноста за дополнување изборни предмети и тоа ни отвори можност како шаховска федерација да се избориме шахот да биде изборен предмет во основното образование“, вели Саша Богдановиќ.
Има голема традиција во земјава, а шаховската федерација постои од 40-тите години на минатиот век и прв претседател бил Блаже Конески. И до сега имало желба и концепт, но недостасувале начин и формата за воведување во образовниот процес.
Програмата е изработена од врвните шаховски тренери. Во моментов има 30-тина сертифицирани шаховски тренери од светската шаховска федерација на ФИДЕ и уште 20-тина сертифицирани од европската шаховска унија. Во текот на последните две години се едуцирале тренерите кои ќе ги тренираат учениците во основните училишта.
„Да ги разбијам тие стереотипи на учење шах, при самиот тренинг ќе се користат и софтверски помагала и други електронски уреди кои се придобивки на модерното време такашто очекувам суперинетерсни часови, децата низ игра, бидејќи се работи за мали категории 6,7,8 години да дојдат на тајните на шаховската игра“, посочи Зоран Стојчевски.
Штета е што асоцијацијата за шах вели Стојчевски е само пензионери на клупа во парк. Бенефитот е голем ако се почне да се тренира од најрана возраст. Се развиваат логичките способности и ќе им помогне на учениците во полесно совладување на материјалот и по другите предмети. Важен е и социјалниот момент, семејството ќе поминува повеќе време заедно, а не сите сами на телефон.
„Позитивната работа на шахот е што ги активира двете хемисфери на мозокот и затоа полесно ќе можат учениците да ги совладуваат училишните предмети. Во Ерменија уште од прво одделение е задолжителен предмет. Резулатите се евиденти, оваа земја е на врвот на шаховскиот свет“, порача Рамиз Дема.
Од федерација велат дека имаме млада и успешна шаховска репрезентација која достојно ја претставува земјата на светските натпревари, па и Олимпијата од каде вчера се вратија.
