Шакира дознала за неверството на Пике затоа што некој и го изел омилениот џем

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шакира дознала за предавството на Жерар Пике затоа што некој и го изел џемот.

Според „Four Four Two“, пејачката по враќањето од една турнеја открила дека некој и го јаде омилениот џем. Бидејќи самиот Пике не сака џем од јагоди, Шакира се посомневала во неверство.

Пике и Шакира беа заедно од летото 2010 до јуни 2022 година. Причината за раскинувањето е неверство на шпанскиот фудбалер.

Двојката има два сина: Милан и Саша. Пејачката го доби старателството над нив откако раскина со фудбалерот.