Шаќири: 5G ќе овозможи 12,3 трилиони долари глобално економско производство, 22 милиони нови работи места низ светот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Нови работни места и зголемување на економското производство се само неколкуте придобивки од имплементација на 5Г мрежа во земјава. Министерот за информатичко општество и администрација во интервју за ТВ21 зборува за дел од предностите пред се од економски план.

„Се проценува дека до 2035 година 5G ќе овозможи 12,3 трилиони долари глобално економско производство и ќе поддржи 22 милиони нови работни места во светот. Според некои анализи, 5G не е важен само за тоа што има потенцијал да поддржува милион уреди со голема интернет брзина туку затоа што има потенцијал и да ги трансформира животите на луѓето ширум светот“, вели во интервју за 21 Tech, министерот за инфоматичко општество и јавна администрација.