„Шекеринска сака да се одмазди на Ковачки со законот за одбрана“, рече Николоски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Законот за одбрана има за цел Шекеринска да се одмазди на Ковачки“. Ова го изјави потпретседателот и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашното гостување на „Клик Плус“ на ТВ21.

Од страна на модераторот на ТВ21 беше прашан зошто има 2000 амандмани на законот за одбрана, по што Николоски образложи:

„Законот за одбрана е законот за одмазда. Се со цел Шекеринска да се одмазди на Ковачки, затоа што Ковачки ја напаѓа работата на Шекеринска, односно наоѓаат начин како да го сменат законот, и како да го избркаат човекот од работа. И не разбирам како ја користат власта за лични одмазди“, изјави Николоски.

Николоски коментираше и за законот за дигитални учебници…

„Ако некој очекува да поддржиме закон дигитални учебници за Мила Царовска да ги исполни свите интереси, нема тоа да се случи. Не кажуват како ќе изгледа тој дигитален учебник. И доколку теоретски се реализира овој проект, ни дигитални ни печатени учебници за 4. оделение ќе нема. Така стои во законот“, вели Николоски.