Шекеринска: Зголемен број на припадници на Армијата во дел од градовите во земјава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за одбрана и заменичка претседателка на Владата Радмила Шекеринска денеска на прес-конференција најави дека во следниот период припадниците на Армијата ќе бидат во зголемен број присутни како поддршка на Министерството за внатрешни работи (МВР) и на единиците на локална самоупорава во сите општини каде што таа помош беше побарана.

– Можам да најавам дека припадниците на Армијата ќе бидат дополнително ангажирани во Скопје, Тетово, Гостивар, Дебар, Струга, Охрид, Струмица, Куманово, Битола, Прилеп, а во текот на денешниот ден разговараме и со конкретно Општина Центар, Велес, Кавадарци и Росоман. Очекуваме ваквото поголемо присуство и учество да им помогне и на општините и на МВР да се справат со спроведување на сите мерки за заштита, изјави Шекеринска.

Користејќи воени капацитети, потенцира таа, се трудиме секој ден да помогнеме да спасиме човечки животи.

Одговарајќи на новинарско прашање за ангажирање на Армијата во Куманово, Шекеринската рече дека затворањето на овој град каде што има голем број заболени, ќе значи трошење многу ресурси, а нема да го реши проблемот.

– Единствениот лек и инструмент, кој што го кажуваат сите експерти е социјалното и физичко дистанцирање на повеќе од два метри. Ние можеме со непробојни врати да го затвориме Куманово, амо излезете по кумановските улици и ако повторно видите гужва пред банки, маркети, во парк, луѓе кои не се заштитуваат дополнително со опрема ниеден карантин нема да ве спаси од болеста, рече Шекеринска.