Таткото на Градот Скопје, Петре Шилегов во вечерашното издание на „Click Plus“ на ТВ21 порача дека е потребна комунална полиција која ќе се занимава со комуналните дејности.
„Идејата е дека градот Скопје, меѓутоа и другите, не само локална самоуправа, по сопствен избор или по сопствена можност треба право да организираа единици на т.н. комунална или општинска полиција којашто ќе се занимава со комуналните дејности, меѓу којшто и сообраќајот, казнувањето за несовесно фрлање на отпад, на градежен шут, диво продавање по пазарите, лошото паркирање, регулирањето на сообраќајот. Во современиот свет секаде тоа го работи комуналната полиција“, додава Шилегов.
