Шпанија ќе направи напори за членството на земјата во ЕУ – шпанскиот министер за надворешни работи во посета на Северна Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Доаѓањето на шпанскиот министер за надворешни работи во Северна Македонија е порака е дека Шпанија ќе направи максимални напори за интеграција на РСМ во ЕУ. Неговата земја ќе претседава со ЕУ во втората половина на оваа година. Албарез изјави дека Македонија и целиот Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од ЕУ.

„Тука сум во турнеа во Западен Балкан и сакам да го промовирам интересот на Шпанија и процесот на пристапување во ЕУ што ќе биде актуелна тема со нашата поддршка од јули годинава. Поминаа многу години откако министер за надворешни работи од Шпанија го посетил регионот и сакам да ја засилам нашата соработка и да ги отвориме преговорите. Отворањето на преговорите минатата година е значителен чекор. Шпанија ја поддржува ориентацијата на Западен Балкан и интеграцискиот прогрес“, вели Јосе Мануел Албарез Буено.

Албарез беше пречекан од колегата Бујар Османи, кој истакна дека посетата се случува во 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи, како силна порака на поддршка на нашиот европски пат.

„За прв пат одлуката за продолжување на интеграцијата е пренесена овде во земјава. Автоматски, уставни измени без дополнителни одлуки на Советот на ЕУ обезбедуваат продолжување на преговорите преку отворање на кластери и поглавја. Не се сомневам дека ова е вистинскиот избор за земјата и ова е пораката што ја добиваме од сите наши пријатели, па и денес од колегата Албарез. За таа цел, денеска го потпишавме меморандумот за разбирање меѓу Северна Македонија и Шпанија за развој на соработката во процесот на пристапување на земјата во Европската унија“, вели Бујар Османи.

Двете страни го потпишаа договорот за развој на соработката во процесот на интеграција во ЕУ. На средбата министрите разговараа исто така за можноста за продлабочување на економските односи, меѓусебна поддршка за мултилатералните  организации и секторска соработка меѓу двете земји, и разменија и мислења за последните случувања во Западен Балкан, регионалните иницијативи како форма за зголемување на меѓусебната доверба и надминување на отворање на билатералните прашања меѓу соседните држави.