Шпигел: Мерц би можел да ја номинира Фон дер Лајен за претседател на Германија во 2027 година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува опцијата да ја предложи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за позицијата претседател на Германија во 2027 година, објави денес весникот „Шпигел“, повикувајќи се на неименувани владини извори.

Мерц неодамна изјави дека смета дека би било добро наскоро жена да биде на функцијата претседател, но дека списокот на кандидати е „многу краток“.

Во 2024 година, Фон дер Лајен беше избрана за претседател на Европската комисија по втор пат, а нејзиниот петгодишен мандат треба да заврши во 2029 година.