Што ако не се изгласаат уставните измени? – Граф: Државата треба да знае за последиците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неизгласувањето на уставните измени  веројатно ќе го одложат процесот и правото на РСМ за интеграција во ЕУ. Доколку не се исполнат условите, тогаш државата треба да знае кои се последиците, порача заменик на германскиот амбасадор  Ото Граф.

Земјата знае што треба да се заврши, ако не се заврши знае што следува. Во овој момент, мислам дека никој нема да знае што понатаму. Што се однесува до Германија, ние ја гледаме оваа земја како дел од Западен Балкан, поради целокупната безбедносна структура и во основа ја гледаме како целина, а Германија е земјата која се залага на безбедноста во целина“, вели Отон Граф.

Професорот Методија Хаџи-Јанев вели дека внатрешните проблеми на државата стануваат се поголеми за сите кои сакаат да ја уништат Македонија.

 Но, не само нашата земја, туку и Црна Гора има застој. Но зошто овие балкански држави никако да станат членки!? Универзитетскиот професор од Црна Гора, Мехмедин Тахировиќ вели дека кога ќе се решат безбедносните прашања, ќе се решат и територијалните прашања, тогаш  земјите од Западен Балкан ќе напредуваат во евроинтеграцискиот процес.

„Времето покажува дека работите на Балканот не се решени. Главното прашање е зошто. Ние сме во НАТО, Северна Македонија и Црна Гора се кандидати за ЕУ ​​и проблемите не се решаваат. Верувам дека чекаме да се реши прашањето за безбедност за нерешените  територијални прашања и дури тогаш ќе може земјите од Западен Балкан да напредуваат во процесот на европска интеграција. На крајот, се ќе зависи од исходот на војната меѓу Русија и Украина, дали регионот ќе биде на вториот или прв план“, вели Мехмедин Тахировиќ.

Овие коментари беа дадени за време на Безбедносниот форум „Улогата на НАТО во проектирањето на стабилноста на Западен Балкан“ во организација на НАТО што се одржа во Охрид.