Земјотрес со магнитуда од 5 степени го погоди западен Иран рано утрово во среда, објави Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран. Досега нема извештаи за жртви или штети, пишува Анадолу .
Земјотресот е регистриран во 00:23 часот по локално време во област во близина на градот Гилан-е Гарб во покраината Керманшах. Според податоците на сеизмолошкиот центар, земјотресот се случил на длабочина од девет километри.
Иран се наоѓа во многу сеизмички активна област и во последните години доживеа серија разорни земјотреси. Најкатастрофалниот во поновата историја на земјата се случи во 2013 година, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди градот Бам и одзеде најмалку 34.000 животи.
Во јули 2022 година, земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди јужната покраина Хормозган долж брегот на Персискиот Залив, при што загинаа најмалку пет лица, а повеќе од 80 беа повредени.
