Силен земјотрес ја погоди Јапонија – епицентарот кај Фукушима, страв од цунами

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Силен и разорен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија денеска.

Епицентарот на земјотресот бил во океанот, на околу 89 километри од најблискиот брег.

Земјотресот се почувствувал најсилно во Фукушима.

Баш овој град беше во центарот на вниманието во 2011 година кога поради земјотресот и цунамито, кое било предизвикано од потресот, ја уништиле нуклеарната електрана.

Засега нема предупредување за цунами, но како претпазливост им било кажано на жителите кои што живеат во крајбрежниот дел да се движат кон ридовите, објави „Јапон тајмс“.

Во моментов нема извештаи за можна штета или повредени.

Фукушима се наоѓа во регионот Тохоку, на островот Хоншу, а главен град е Фукушима. Островот беше погоден од цунами на 11 март 2011 година, а потоа и од земјотрес, што резултираше со уништување во нуклеарната централа Фукушима.

Земјотресот во тоа време бил 9,3 степени, а огромните бранови од 16 метри, кои го преплавија јапонскиот остров, однесоа повеќе од 19 000 животи.