Скопјани се погрижија да заблеска небото, за првпат во метрополата немаше огномет за дочек на нова година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

2022 главниот град на Македонија ја дочека без огномет, со настап на естрадни ѕвезди.

За новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“. На скопскиот плоштад настапија групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.

Огнометот и прославата не изостанаа во Битола со новогодишен концерт на Камерниот оркестар кај Официрски кој ја раскажва најубавта зимска музичка приказна. Покрај Камерниот оркестар зимската приказна беше надополнета со настап на ДЏ Флор и огнено шоу.

Неколку илјади граѓани на Охрид како и гости кои решија новогодишните празници да ги минат во нашето најпознато туристичко место, синоќа со забава на Градскиот плоштад ја испратија старата 2021 и ја дочекаа Новата 2022 година. За нивното добро расположение на невоообичаено топло време овојпат се погрижија локални естрадни уметници и групи, најавен е настапот на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта беше Верица Ристеска, а свој перформанс имаа и диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј. Топлото време ги наполна дури и терасите на кафулињата на Плоштадот што не е вообичаено за овој период од годината особено во ноќните часови.